Германската Бундеслига повторно ни понуди ракометен спектакл, а еден од таквите мечеви беше дуелот помеѓу Штутгарт и Лемго. Натпреварот заврши со реми и поделба на бодовите по крајниот резултат од 27:27 буквално со гол во последните моменти од средбата кога гостите со голот на Сатон ги поставија конечните 27:27.
За домашната екипа најдобар поединец беше репрезентативниот пикер Жарко Пешевски кој постигна 7 гола, а за тимот ова е прво реми во сезоната и се позиционираат на деветтата позиција на табелата.



