Екипата на Еурофарм Пелистер стигна до победа нагости против тимот на Металург со 22-32 (полувреме 9-20) во натпревар од 5.коло на плеј-офот во Суперлигата. Најефикасни кај Пелистер беа Костески со 5 гола, исто колку што имаа и Мандалиниќ и Периќ, додека голманот Хендави запиша 13 одбрани. Кај Металург, најдобар беше десното крило Хорват со 7 погодоци.



