Екипата на Тиквеш во дербито на Плеј аутот славеше против тимот на Голден Арт КЛ 7 со 30-27 (полувреме 15-14) предмалку во салата Јасмин во Кавадарци. Најефикасни во тимот на Горан Андоновски беа Вања Смиљаниќ со 9 и Јане Јанчев со 8 гола, додека во тимот на Игор Котески, најдобри беа репрезентативецот Игор Ѓорѓиев со 9 и пикерот Кики Симоноски со 7 голови. Со оваа победа тимот на Тиквеш останува единствениот тим со 5 победи во 5 натпревари.