Сабота 6.мај од 19 часот во Спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола ќе се одигра големото дерби во кое Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го дадат одговорот на прашањето кој ќе биде шампионот оваа година.
Дали Вардар ќе ја одбрани титулата или после повеќе од 15 години таа ќе се врати во Битола во витрините на Еурофарм Пелистер ќе дознаеме за помалку од една недела.