
Во второто коло од плејоф-групата на белгиската Жупилер Лига, силите ги одмерија двете првопласирани екипи, односно Генк и Клуб Бриж.
Накрај, на првата меѓусебна победа после две години се радуваше тимот на Генк, кој славеше со 3-0.
Првиот гол падна во 57. минута, кога по асистенцијата на Брајан Хејнен, до 31. овосезонски погодок дојде најдобриот стрелец во лигата – Пол Онуачу.
Засилувањето на Генк од данскиот Мидтјиланд, вредно шест милиони, стана првиот играч со 31 гол во една сезона после Јосип Вебер, кој во 1993/94 беше најдобар голгетер на Серкл Бриж.
Во продолжение следуваше брз ,,шах-мат” на домаќините, кои во интервал од една минута, двапати ја затресоа мремата на поранешниот голман на Ливерпул – Симон Мињоле.
Имено, стрелци на вториот и на третиот гол за Генк беа Јунја Ито (74′) и Кристијан Торстведт (75′).
Сепак и покрај поразот, Бриж остана на првата позиција, додека Генк го задржа второто место и му се доближи на денешниот ривал на само пет бодови во пресрет на последните четири кола.



