Карим Бензема и дефинитивно ќе мора да заврши на суд, поради учество во уценување на некогашниот соиграч од репрезентацијата Матие Валбуена. Овој случај е од 2015 година кога двајца мажи наводно имале видео на кое Валбуена води љубов со неговата жена.
Двајцата мажи решија да го уценуваат Валбуена да им плати пари, во спротивно ќе го пуштат видеото во јавност. Валбуена одбил да се договара со уценувачите, кои потоа преку трето лице стигнале до контакт до Бензема.
По овој скандал двајцата фудбалери веќе никогаш не добија шанса да заиграат за француската репрезентација. На крај Бензема откако го дознал датумот за на суд на медиумите преку песна на рап-пејачот Тупак Шакур порача: ,,Само Бог може да ми суди”.