Светскиот рекет број 1 на АТП листата, Новак Ѓоковиќ најголемата поддршка во текот на целата кариера ја има од неговата сопруга Јелена. Ноле и Јелена заедно се со години, а во 2014 година стапија во брак и имаат син и ќерка.
Сепак, пред да се запознае со Јелена, Ѓоковиќ беше во врска со една атрактивна девојка, која тогаш му го освои срцето. Се работи за Лидија Поповиќ, таа е познат ди-џеј и настапува под името Лејди Ли. Досега имала преку 80 настапи во странство, најголем дел од Азија.
Според пишувањата, од еден настап, Лејди Ли може да заработи и до 30.000 евра. Позната и под прекарот српската Џеј Ло. Погледнете ја галеријата на старата љубов на Новак Ѓоковиќ: