Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски освои златен медал на Медитеранските игри „Таранто 2026“, откако импресивно стигна до највисокото место на победничкиот подиум.
Дваесет и едногодишниот прилепчанец во финалето во категоријата до 67 килограми убедливо го совлада Хрватот Боран Берак со 6:0 и го освои златниот медал.
Белистојаноски имаше фантастичен ден во Таранто, забележувајќи четири победи во низа. Во сите борби доминираше над своите противници, освојувајќи вкупно 19 поени, додека ривалите успеаја да освојат само два.
Со ваков настап, Белистојаноски заслужено се искачи на највисокото место и донесе ново големо одличје за Македонија на Медитеранските игри.




