Мартин Томовски уште на стартот од новата сезона покажа дека ќе биде еден од главните адути на Битигхајм во Бундеслигата.
Повратникот во германската елита славеше на гостувањето кај Вецлар со 35-33, а македонскиот репрезентативец имаше голема улога во освоените бодови.
Томовски блесна меѓу стативите и запиша 15 одбрани, со одлични 31% успешност. Во важните моменти успеваше да ги запре нападите на домаќинот и му даде дополнителна сигурност на својот тим.
Во нападот, Битигхајм беше предводен од Ларсон со девет гола, додека Херман постигна пет.
Така, Томовски продолжи таму каде што застана минатата сезона – со одлични партии и важни одбрани, овојпат на големата сцена во Бундеслигата.




