Во рамките на 7 коло од Прва МФЛ во Скопје, тимот на Вардар дојде до важни три бода проитв Беласица со резултат од 3:1. Стрелци за победничката екипа беа Мирчевски, Петровиќ и Петковски. Почесниот гол за гостите го остигна Да Силва.
Во останатите натпревари изненадување имаше во Струга каде што тимот на Струга Трим Лум триумфира над Шкупи со 2:0 со двата гола на Нијаз Лена. Домашен триумф оствари и Академија Пандев со резултат од 1:0 против Силекс со голот на Кире Маркоски во финишот од натпреварот од пенал.
Гостински победи остварија Шкендија во Битола над Пелистер со резултат од 1:3 и со истиот резултат Македонија Ѓорче Петров против Ренова.



