Бате Борисов и Динамо Брест, денес, на „Динамо Стадиум“ во Минск, го одиграа финалето на овосезонскиот Белоруски Куп. Двете екипи се соочија и во лигата само четири дена претходно, а на тој натпревар Бате победи со 1-3.
Денешното финале беше прилично сиромашно со шанси, а единствениот гол падна во 121. минута, кога Волков ја затресе мрежата на Динамо Брест и му го донесе четвртиот трофеј во купот на Бате Борисов.
За Динамо Брест, ова беше прво загубено финале во купот од вкупно четири, додека Бате стана најтрофеен белоруски тим кога е во прашање ова натпреварување.



