среда, септември 27, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Барса и Баерн се договорија, Левандовски во се сели во Шпанија!

Марјан ✏️ Марјан
јули 16, 2022
📁 Фудбал

По неколку сушни години светска ѕвезда од прва категорија доаѓа во Примера. Во период кога долгот на Барселона изнесува преку една милијарда евра, каталонскиот гигант го договори фудбалерот кој во последните две години е суверена „Златна копачка“ на Европа и жив кошмар за противничките голмани.

Роберт Левандовски се сели од Баерн во Барселона за сума од 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси од пет милиони евра, ако се исполнат одредени тимски и индивидуални успеси. Договорот меѓу клубовите е постигнат и прашање на часови е кога ќе го официјализираат преминот на полскиот напаѓач во Шпанија. Левандовски инсистираше на трансфер само во Барса, и по три тренинзи со Баерн, ќе се спакува и викендов ќе замине на турнејата на Барселона во Соединетите Американски Држави. Неговото деби во дресот на Барса се очекува во „Ел Класико“ дуелот против Реал во Лас Вегас на 24 јули.

По враќањето во Европа. Левандовски ќе биде претставен, веројатно пред натпреварот „Трофеј Жоан Гампер“, во чест на основачот на клубот од Каталонија, предвиден за седми август.

Полската гол-машина ќе потпише договор на три сезони, со опција и за четврта ако двете страни бидат задоволни.  

ShareTweet
Претходна вест

Почнува СП во атлетика, многу ѕвезди на едно место, Македонија со Поп Арсова!

Следна вест

(ВИДЕО) Доџерс убедливо го добија градското дерби на Лос Анџелес

Марјан

Марјан

Слични вести

Миовски прв стрелец во Шкотска! Нови два гола за Абердин (ВИДЕО)
Фудбал

(Видео) Фантастичниот Миовски со два гола и асистенција донесе победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Трајковски е новата ДЕВЕТКА на Хајдук
Фудбал

Трајковски е новата ДЕВЕТКА на Хајдук

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Сеп/2023
Ѓоко Зајков: Во денешниот фудбал не постојат аутсајдери
Фудбал

Елмас и Манев ја средија Малта

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Сеп/2023
“Кафе Бар 9” се закитија со титулата и на турнирот во Мислешево
Фудбал

“Кафе Бар 9” се закитија со титулата и на турнирот во Мислешево

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Сеп/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Доџерс убедливо го добија градското дерби на Лос Анџелес

(ВИДЕО) Доџерс убедливо го добија градското дерби на Лос Анџелес

Последно

ЦСКА и нашата Сара редат победи

Дувњак: Во Битола не очекува “пеколна” атмосфера

Борзаш: Кил се светска екипа, но ќе се бориме до крајот

Кузманоски: Сите знаеме кој е Кил! Ние ќе дадеме максимум

Мартин Јовановски го освои Суперкупот на Кипар

Николов и Начевски ќе судат на ЕП 2024

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.