Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Енис Барди на официјалната прес-конференција во Рејкјавик ги споделија своите размислувања и очекувањата од денешниот натпревар против Исланд во рамки на 5. коло од квалификациската група за пласман на СП 2022.
Енис Барди – репрезентативец на Македонија:
– „Треба да се концентрираме на нас. Она што ќе се договориме пред меч да го покажеме на терен. Исланд е силен, но многу работи ќе зависат од нас. Мора да бидеме фокусирани, да имаме желба, што не се сомневам дека ќе биде така. Треба да ја играме нашата игра и да одиме на победа“.
„Она што го направивме во минатото е историја. Фудбалот е таков спорт кој бара докажување секој нов натпревар. Очекувањата се добри резултати. Не гледам дека имаме притисок. Гладни сме за уште поголеми успеси. Имаме многу што да дадеме. Оваа генерација има уште што да покаже. Најважно е да одиме од натпревар во натпревар. Самодовербата е тука“.