Марио Балотели се враќа во англискиот фудбал. Во летниот преоден рок се поврзуваше со неколку екипи, но тој се уште е без клуб. Со тимот на Бреша ја прекина соработката.
Англичаните тврдат дека тој се наоѓа пред трансфер во Барнсли, член на Чемпионшип дивизијата. Барнсли бара играч што ќе ја подобри ефикасноста на тимот и ќе му помогне да го поправи пласманот на табелата. По 11 рунди во Чемпионшип, фудбалерите на Барнсли се наоѓаат на 16 место со само 13 поени.



