Полски Виве Келце за двобојот со европскиот шампион, тимот на Вардар ќе игра во полн состав. Талант Душебаев ќе смета на комплетниот ростер, односно на Владислав Кулеш кој беше повреден, а излечени од коронавирусот се Фернадез и Гебала.
Натпреварот од групната фаза помеѓу домаќинот Вардар и Виве Келце се игра утре во закажаниот термин од 18:45 часот и ќе се игра во СЦ ,,Јане Сандански” без присуство на публика.