Баерн Минхен со леснотија го совлада во куп финалето ривалот Баер Леверкузен со 4:2. Стрелци на погодоците за победничкиот тим беа Алаба и Гнабри во првиот дел додека Левандовски беше двоен стрелец.
Во тимот на фармацевтите погодоците ги постигнаа Бендер и младиот Хаверц од пенал во последните моменти од натпреварот. За Баерн Минхен ова е 20-та куп титула, односно 13-та рекордна двојна титула.