Барис Нур-Султан на одличен начин се вратија од поразот од Амур Хабаровск, односно денес го надиграа Автомобилист Екатеринбург со 2-3.
За Казахстанците, во првата третина погодија Роман Старченко и Јакоб Лилја, а Кирил Панјуков, во вториот период, ја затресе мрежата на Јакуб Ковар за капитална предност од 0-3.
До крајот, домаќините од Екатеринбург успеаја само да дадат два почесни погодоци преку Анатолиј Голишев и Питер Холанд, а притоа да имаат уште два поништени голови.
Важен играч во казахстанскиот табор беше голманот Хенрик Карлсон, кој одбрани 38 противнички удари кон својот гол со процент на успешност од 95%.
Со новата победа, Барис се доближи на само два поени од денешниот ривал, заземајќи го осмото место на Истокот.
📸 HC Barys