По воведните два триумфи од интернационалната Т20 серија на Нов Зеланд против Австралија, следуваа два тешки порази.
Имено, во изминатите три дена, Австралијците двапати убедливо ги совладаа своите ривали.
На денешниот меч, претставниците на најмалиот континент триумфираа со 106/10 (18.5) – 156/6 (20).
Во првиот ининг, новозеландските фрлачи имаа солидни перформанси и не дошуштија голем број на примени поени.
Од нив, најмногу се истакна Иш Соди со учинок од 3-32.
Што се однесува до австралиските удирачи, единствен со повеќе од дваесет поени беше капитенот Арон Финч (79).
Во вториот ининг, фрлачите на Австралија издоминираа максимално, комбинирајќи девет викети (плус еден преку ,,ран-аут”).
Во оваа листа се запишаа Ештон Агар (2-11), Адам Зампа (2-24), Глен Максвел (2-14) и Кејн Ричардсон (3-19).
Од противничките удирачи, Кајл Џејмисон беше најдобар со 30 поени.
Петтиот, а воедно и решавачкиот дуел од меѓусебната серија ќе се одигра за два дена, односно во недела.
📸 Joe Allison/Getty Images