
Авангард Омск почна да го прикажува хокејот што се очекува од тим со таков калибар и запиша осум врзани победи.
Последна ,,жртва” на ,,Јастребите” беше екипата на Сочи, која во денешната КХЛ програма загуби со 5-4 после продолжение.
На мечот, двата ривали имаа предност по двапати, но клучно се покажа второто водство на домаќините во дополнителниот период.
За Сочи, во листата на стрелците се запишаа Данил Авершин, Артјом Николајев, Сергеј Попов и Никита Зоркин.
На спротивната страна, успешно реализираа Дамир Шарипзјанов (х2), Алекс Броудхарст, Рид Бушер и Фјодор Малихин.
Во Западната конференција, Сочи остана на последното место, додека Авангард се искачи на шестата позиција на Истокот.