Арсенал набрзо ќе го комплетира трансферот на младиот централен дефанзивец, Омар Рекик, од редовите на Херта Берлин. ,,Топчиите” ќе издвојат околу 900.000 фунти за ангажманот на 19-годишниот холандски репрезентативец, кој пак до крајот на сезоната ќе остане во тимот од Берлин како позајмен играч.
Талентираниот стопер кариерата ја почна во Феенорд, а играше уште за младите екипи на ПСВ Ајдховен, Манчестер Сити и Олимпик Марсеј, пред да се пресели во Херта на 16 години.



