Нов играч на шампионот Струга Трим Лум е Арди Идризи. После трансферот на Ментор Мазрекај тимот на Струга ТЛ го претстави и второто засилување кое пристигнува од младинскиот тим на Адана Демиспор.
Идризи е фудбалер кој игра на десната бековска позиција и ќе биде засилување за македонскиот првак во квалификациите од Лигата на Шампионите.