Екипата на РК Струга се засили со црногорскиот голман Никола Матовиќ. Никола Матовиќ има 23 години, висок е 191, тежок 103 кг.
Никола Матовиќ минатата година настапуваше за српскиот тим на Железничар Ниш, а претходно беше дел од Даниловград и Ловќен Цетиње. Во својата кариера Матовиќ беше дел од кадетската и младинската репрезентација на Црна Гора, а имаше и повици за сениорскиот национален тим.



