
После серијата од седум порази, едно реми и една победа во периодот од 2 јануари до 26 февруари, англискиот петтолигаш Вокинг му врачи отказ на тренерот Алан Доусон.
Доусон беше предводник на клубот од областа Сари цели четири години, но сепак беше отпуштен преку краток телефонски разговор од дваесеттина секунди на 28 февруари.
Точно еден месец подоцна, Вокинг доведе нов тренер, Дерен Сарл, кој потпиша договор на две години, односно до крајот на сезоната 2023/24.
Од 2019, па сè до денес, Сарл седеше на клупата на Јеовил Таун, кој поради тешката финасиска ситуација, не успеа да му понуди попривлечни услови.
Сарл, како фудбалер, ги помина играчките денови низ нисколигашкиот англиски фудбал, играјќи за неколку екипи (Хичин Таун, Бедфорд Таун, Ст. Албанс…).
Тренерската кариера на Англичанецот започна во младинскиот тим на Стивениџ, за потоа, преку првиот тим, во 2019 да замине во Јеовил.