Филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ е победник на овогодинешното доделување на престижната филмска награда Оскар, со три номинации и освоени Оскари во сите три категории.
„Оскарот“ за главна женска улога отиде кај Џесика Честејн, за филмот „Очите на Теми Феј“, што е прв нејзин „Оскар“.Вил Смит пак, го доби своето прво вакво одличје за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“.
Победниците во сите категории може да ги погледнете ТУКА.
Најдобра филмска песна е „Но тиме то Дие” во изведба на Били Ајлиш за истоимениот филм „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“.
Научнофантастичната сага „Дина“, од американската Академија за филмска наука и уметности доби најмногу – шест „Оскари“ од можни 10 номинации, меѓу кои и одличјата за монтажа, визуелни и звучни ефекти.
Најдобар анимиран филм е „Енканто“.
За најдобра женска споредна улога е прогласена Аријана Дебоуз („Приказната од Западната Страна).
Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Вози го мојот автомобил“ (од Јапонија).
Признанието за најдобар режисер отиде кај Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“. Филмот доби само еден „Оскар“ од рекордните 12 номинации.
Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.




