„Ја започнавме групната фаза со победа, но мислам дека утре не сме фаворити. Исто така верувам дека во групата нема изразит фаворит за првото место. Сите четири селекции се со еднакви шанси. Нè чека тежок меч, бидејќи Грузија има добра селекција . Не можам детално да зборувам за планот на утрешниот натпревар, но секогаш ја подготвувам екипата за да можеме да играме најдобро. Ќе се обидеме да покажеме добар фудбал. Би сакал тука да дојдеме повторно во ноември и да играме во финалето на плејофот за пласман на ЕП 2020. Сепак, сега сме фокусирани на утрешниот дуел“ изјави селекторот Ангеловски во пресрет на денешниот натпревар против Грузија од Лигата на Нации.



