Утре стартува новата сезона во ракометната Суперлига кај мажите. Екипата на РК Струга гостува кај тимот на РК Радовиш.

Никола Матовиќ црногорскиот голман кој летово ја засили РК Струга очекува победа на неговиот тим:
Очекувам тежок меч, знаеме дека Радовиш се незгоден противник посебно кога играат дома. Меѓутоа ние одиме на победа и секој друг резултат би бил неуспех за нас. Многу се подготвувавме за овој меч и мислам дека се зависи од нас. Ако играме како што знаеме победата не би требала да дојде во прашање.



