Во рамките на женската Примера, се одигра дербито на колото помеѓу Леванте и Реал Мадрид. Со победа било која од двете екипи ќе се приклучеше кон врвот на табелата, а тоа го направи гостинскиот тим со триумф од 1:2.
Во поразената екипа на Леванте цел натпревар одигра Наташа Андонова. За Реал Мадрид погодоците ги постигна Кардона во 12 минута и Кармона во 64 минута, додека голот за Леванте го постигна Гонзалез Родригез во 13 минута од првото полувреме.
Со новите три бода фудбалерките на Реал Мадрид се позиционираат на второ место со еден бод помалку од првопласираниот Тенерифе. Андонова и нејзиниот тим Леванте остануваат на шестатта позиција со 16 освоени бода.



