Во рамките на Лига шампиони на домашен терен француски Нант претрпе неочекуван пораз од украински Мотор Запорожје со резултат од 31:32 на полувреме беше нерешено од 18:18.
Во возбудлив финиш со решавачкиот гол на Пуховски гостите дојдоа до голема победа. Кирил Лазаров беше најрасположен и најдобар играч во домашниот тим со 6 гола, додека во победничкиот тим најдобар стрелец заврши Бохан со 7 гола. Мотор Запорожје има четири победи во групната фаза, а тимот на Нант покрај четирите порази има само две победи.



