Во рамките на женската фудбалска Примера, тимот на Леванте на домашен терен дојде до убедлива поведа од 5:1 над тимот на Рајо Ваљекано. Дел од триумфот беше и најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова која што го одигра целиот натпревар.
Андонова во 12 минута со правовремена асистенција до Гонзалез Родригез помогна во тој момент тимот да има водство од 2:0. Кога е во форма македонската репрезентативка и Леванте стигнува до бодови. Со новите три бода, сега Леванта го зазема петотто место со 16 освоени бода.



