петок, март 5, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

АМС ја ,,Чешла” работата на Фудбалската Федерација на Македонија

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јануари 22, 2021
📁 Спорт, Фудбал

Агенцијата за млади и спорт постапуваќи согласно своите надлежности и овластувања ја информира јавноста за следното: Како орган на државната управа надлежен за работите од областа на спортот во Република Северна Македонија при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија (решение ИП1 бр.14-182/2 од 21.01.2019 година) утврдени се низа неправилности спротивно на Законот за спорт („Службен весник на Република Македонија“ бр.29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14,177/14, 72/15, 153/5, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16, 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 98/19 и 244/19), пред се непочитување на Член 14-а, став 1, Член 82, Член 11, став 1 и став 9, Член 14 став 4 и став 5 и позитивното право во државата и истите беа доставени за отстранување до Федерацијата.

Решението беше обжалено од страна на Фудбалска федерација и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно и против него не е дозволена жалба.

Имајќи предвид дека и по предвидениот рок за постапување по Решението коешто се однесува на усогласување на Статутот на федерацијата со Законот за спорт, Фудбалската федерација не постапи согласно наводите и диспозитивот на решението, туку спротивно на тоа продолжи да функционира со истиот Статут, којшто е спротивен на Законот за спорт и со позитивното право и спротивно на решението донесено од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка.

Имено, во овој период кога истекува мандатот на функционерите во ФФМ (делегати, членови на УО и застапникот) започнати се активности со цел одржување изборно Собрание, коешто е спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата. Агенцијата за млади и спорт како орган на државната управа, надлежен за работите од областа на спортот, презема активности и дејствија согласно горенаведеното Решение и од сите спортски субјекти бара безусловно почитување на позитивните прописи и нема да дозволи и нема да толерира непочитување и постапување спротивно на она што налагаат одредбите од Законот за спорт. За сите понатамошни активности на Агенцијата за млади и спорт кои ќе бидат преземени согласно Законот за спорт и позитивното право во државата, целата спортска јавност ќе биде благовремена известена.

Извор: Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Барса помина на ,,Мускули” и ја избегна судбината на Реал Мадрид

Следна вест

Јирген Клоп и Ливерпул добија нокдаун кога најмалку очекуваа

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

(Видео) Митревски бранеше во чест на прерано починатиот колега
Ракомет

(Видео) Митревски бранеше во чест на прерано починатиот колега

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
Нема финале за Барди, кобна 112 минута
Спорт

Нема финале за Барди, кобна 112 минута

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
Стоилов: Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат
Ракомет

Стоилов: Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
(Видео) Одбраните на Кантегрел од првото полувреме против Брест
Ракомет

(Видео) Одбраните на Кантегрел од првото полувреме против Брест

✏️ Предраг Јанчески
05/Мар/2021
Следна вест
Јирген Клоп и Ливерпул добија нокдаун кога најмалку очекуваа

Јирген Клоп и Ливерпул добија нокдаун кога најмалку очекуваа

Последно

(Видео) Митревски бранеше во чест на прерано починатиот колега

Нема финале за Барди, кобна 112 минута

Стоилов: Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат

(Видео) Одбраните на Кантегрел од првото полувреме против Брест

(Видео) Анте Гаџа и неговите погодоци против Мешков Брест

Северстаљ ја израмни серијата против Динамо Москва

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.