Барселона се пласираше во осминафиналето на шпанскиот куп, откако по многу борба и дури 120 минути игра го елиминираше третолигашот Корнеља. Каталонскиот гигант победи со 2:0, а погодоците вредени пласман во следната фаза беа постигнати во дополнителните 30 минути. Во 92 минута од продолжението гол постигна Дембеле, а во 120 минута победата ја запечати Бретвајт. Заедничко за двата гола е асистенцијата на младиот Педри.
Миралем Пјаниќ шутираше пенал во 39 минута, а младиот голман Рамон Хуан Рамирез одбрани. Истата судбина шутирајќи пенал го снајде Дембеле во 80 минута кога повторно голманот го одбрани ударот. Тоа што Дембеле го промаши од пенал, го корегираше во 92 минута, кога успеа да ја затресе мрежата на домаќините.
Бретвајт со гол во 120 минута потврди дека Барселона ќе победи и нема да дозволи Корнеља да направи ново чудо. Третолигашот во претходното коло го елиминираше Атлетико Мадрид, но овој пат немаше сили за ново чудо.