Речиси четири години Ливерпул не знаеше за пораз на својот „Енфилд Роуд“ во Премиер лигата. Но, Барнли е тимот кој се бори за опстанок и успеа да го победи Ливерпул на негов терен и тоа со 1:0. Менаџерот на англискиот првак, Јирген Клоп беше изненаден и не знаеше како да објасни за тоа што се случило на неговата екипа.
,,Не знам доволно зборови на англиски јазик за да опишам како се чувствувам. Не се чувствувам добро. Добивме бокс во лицето. Имавме доминација, создававме шанси, но не постигнавме гол. Мора да се фокусираме и да започнеме со правилна работа. Битката за титулата сега не е најважната работа за нас и затоа нема да зборувам за тоа“, – изјави Јирген Клоп.