Откако беше откажано натпреварувањето во Крањска Гора во рамките на светскиот куп во машка конкуренција заради Коронавирусот, го добивме и новиот освојувач на кристалниот глобус. Имено, до првата шампионска титула во кариерата дојде Александар Омодт Килде. 27-годишниот скијач, претходно имаше освоено „само“ мини кристален глобус во супер-велеслалом во 2016 година. Норвежанецот, оваа сезона освои вкупно 1202 поени, а зад себе, на подиумот ги остави Алксис Пантуро (1148 поени) и Хенрик Кристоферсен (1041 поен).
Кристоферсен ги освои мини-глобусите во двете технички дисциплини – слалом и велеслалом. Во вкупниот поредок на супер веле-слалом победи Мауро Кавиецел, додека Беат Фојц беше најдобар на спуст. Алексис Пантуро, сепак успеа да освои една титула – онаа во алпската комбинација, а до првата титула во кариерата дојде Швајцарецот Лоик Мејар кој беше најдобар на паралелните трки.