Вардар продолжува да доминира во Суперлигата – „црвено-црните“ славеа над Алкалоид со 34:28, а на полувреме резултатот беше израмнет 17:17. Со оваа победа Вардар останува прв на табелата и единствен без пораз во досегашниот тек од сезоната.
Дмитро Горига беше најефикасен стрелец кај Вардар со 9 гола, а по 5 пати стрелаа Боно и Малус. На голот, Васил Гогов имаше 8 успешни интервенции.
Кај Алкалоид најдобар беше Мартин Серафимов со 9 погодоци, додека Костески и Стојковиќ завршија со по 4 гола.




