Во Скопје се одржа Меѓународниот пливачки митинг “13 Ноември 2025”, на кој пливачите од клубот „3 Дисциплини“ од Струга остварија одличен настап и се враќаат со вкупно 11 освоени медали.
Најуспешен натпреварувач од екипата беше Девран Куртис, којa освои четири медали: златен на 50 метри делфин, сребрен на 50 метри грбно и две бронзени одличја на 100 и 200 метри слободно.
Бисера Кутаноска се закити со златен медал на 50 метри прсно.
Тија Кукунешоска исто така се најде на пиедесталот трипати – злато на 400 метри мешано, бронза на 400 метри мешано во генералниот пласман, како и бронза на 100 метри делфин.
Дон Зиба освои две бронзи: на 50 и 100 метри слободно.
До медал стигна и Дарија Магдис, која освои сребрен медал на 100 метри делфин.
Овие резултати се уште една потврда за континуираниот раст, квалитет и работа на стружкиот клуб, кој во последно време сè почесто го привлекува вниманието со високи пласмани и меѓународни успеси.




