Еурофарм Пелистер денед од 16 часот му гостува на Татран Прешов во реванш натпреварот од четвртфиналето во регионалната СЕХА лига. Тимот на Јовиќ и Шундовски има голема шанса за пласман во полуфиналето откако првиот натпревар на домашен терен славеа со 37-29.
Осум разлика носиме во Прешов, но тоа не е ништо. Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме.По натпреварот во Прешов ни следи дерби во Автокоманда против Алкалоид. Многу ни е важен тој натпревар, но нема да биде лесно. Мора добро да се спремиме, ако сакаме на седми мај против Вардар 1961 во Битола да се бориме за титула.– изјави Марио Танкоски