На националната арена “Тоше Проески” вечерва во Скопје репрезентациите на Македонија и Грузија одиграа нерешено 1:1 во меч од 4. коло од Ц лигата во УЕФА Лигата на нации.
Македонија играше со играч помалку поради грешката на Столе Димитриевски во 67. минута кој беше исклучен поради игра со рака надвор од шеснаесетникот. Езгијан Алиоски во 93. минута реализираше пенал за конечни 1-1 и за избегнување на поразот. Претходно Грузија во 74. минута ја искористија предноста од играч повеќе и со прекрасен погодок по соло-акција на Кваратчкелија дојдоа до водство од 0-1.



