Александар Ристевски 31. годишниот одбрамбен фудбалер и официјално е дел од Брера Струмица. Тој потпиша договор и се приклучи на подготовките на Брера Струмица во Банско Бугарија, предводен од стратегот Џовано Валенти .
Станува збор за искусен фудбалер кој последната сезона настапуваше за штипска Брегалница каде имаше одлични партии, а беше стрелец и на три голови. Во својата кариера Ристевски има играно за екипите на Победа, Металург, Скопје, Пелистер, Ренова, Струга ТЛ и Работнички но и за Влазнија во албанското и Приштина во косовското првенство. Ристевски ќе биде потенцијален играч на Валенти за утрешниот прв контролен натпревар со тимот на „Селимбар“ од Романија во рамките на закажаните тест средби во Банско Бугарија.