Со техничка поддршка на Триатлон федерација на Северна Македонија, потпомогнати од Агенцијата за млади и спорт и секако Општина Стругана 20 ти август 2023 традиционално ќе се одржи Отвореното Триатлон првенство Триатлонот 3Дисциплини Струга. Ова е настан на кој може да учествува секој кој сака да ја испроба својата издржливот и да создаде сеќавања за целиот живот. Пробајте ги сценските патеки од преубавата Струга и бидете дел од овој несекојдневен настан.
Пливачкиот сегмент ќе биде во езерото на обележана патека а исто и велосипедскиот и делот за трчање ќе бидат на претходно обележани патеки на крајбрежјето. Имаме категории за сите возрасти и нивоа на подготвеност.Стартот и целта ќе бидат на старото-ново местоМеѓународниот Универзитет Струга (International university of Struga).Мапи и подетални информации ќе следат наскоро.Kaтегории:- Сениори (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;- Јуниори (2007-2004) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;- Кадети (2010-2008) 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.- Деца 2 (2013-2011) 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;- Деца 1 (2014 и помлади): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;- Мастерс 1 (1993-1984) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;- Мастерс 2 (1983-1974) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;- Мастерс 3 (1973 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; Трки и котизации:Спринт Триатлон: 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање – Категории: Сениори, Јуниори, Мастерс – Цена 900 ден (15 Euro)- Кадетски Триатлон: 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање – Категории: Кадети – Цена 600 ден (10 Euro)- Детски Триатлон: 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање – Категории: Деца 2 – Цена 300 ден (5 Euro)- Детски Триатлон: 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање – Категории: Деца 1 – Цена 0 ден (0 Euro)Пријавувањето се врши преку следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdE…/viewform и се затвара на 17-ти август 2023 година.

ВАЖНО ЗА СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ: ТЕХНИЧКИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ. Учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите. Важни информации:
задолжително e носење на заштитен шлем;
не смее да се настапува со голо тело во било кој дел од натпреварот;
забрането е користење на ТТ велосипеди;
тркалата треба да имаат минимум 12 жици.
Од оваа година како нови правилa важат:
Забрана за користење на аеро барови на гиданот на сите трки во кои ТФСМ е организатор или техничка подршка.
Објаснување за правилото за казни: Доколку натпреварувачот добие казна и истата ја отслужи кај судијата во делот за казни, нема право да ја обжали изречената казана ни со паушал од 50 евра во денарска против вредност. Доколку натпреварувачот не ја одржи поставената казна има право да ја обжали идлуката на главнот судија и со паушал од 50 евра во денарска против вредност за да се разгледа неговата жалба. Доколку судиската комисија е во право, натпреварувачот е дискавлификуван и финансиите одат кај организаторот. Доколку натпреварувачот е во право му се враќа паушалот и добива финално време со пласман во својата категорија.
Најстрого ке се казнува секоја вербална комуникација со техничките лица, како од натпреварувачите така и од тренерите, родителите и останатите лица. Посебно ќе се обраќа внимание на етичкото и спортско однесување на сите спортисти во сите категории, како и однесувањето на родителите и тренерите.