
Првото натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција се одржа денес во Лилехамер, Норвешка.
До триумф на него дојде актуелната шампионка Гида Вестволд Хансен (14:27,1), која беше првопласирана и во двете серии.
Во првиот дел, Норвежанката беше единствена со скок од над сто метри (101 метар), кој и’ донесе дванаесет секунди предност во однос на најблиската конкурентка.
Второто место го зазеде Италијанката Аника Зиф (+1:11,5), додека единствената борба во финишот се водеше за најниската позиција на пиедесталот.
Накрај, третата позиција и’ припадна на Натали Армбрустер (+1:29,6), пред Лиза Хирнер (+1:38,0) и пред најбрзата во втората серија – Ида Марие Хаген (+1:38,4).