Во склоп на минатата сезона требаше да одржи и Светското првенство во ски летови. Сепак, истото беше одложено поради пандемијата и беше закажано за претстојниот викенд на леталниците во областа Планица, Словенија.
Во пресрет на денешните официјални квалификации, Словенците ги одработија националните, кои резултираа со отпаѓањето на шампионот од 2016 – Словенецот Петер Превц.
Во првата серија влегоа првите четириесет од официјалните квалификациите, односно отпаднаа само седуммина: Декер Дин, Нико Китосахо, Патрик Гасиеница, Јевхен Марушјак, Филип Сакала (ДСК), Доминик Петер (НС) и Грегор Дешванден (НС).
Денешниот победник беше Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој беше подобар од неколку скокачи оддалечени во децимали: Михаел Хајбок, Халвор Егнер Гранеруд, Карл Гајгер и актуелниот шампион Даниел Андре Танде.
Имено, Хајбок беше причината за намалување на залетувалиштето и за пократките летови во втората половина, бидејќи летна до одлични 242,5 метри што претставуваат негов личен рекорд.
Освен нив, пласман во првите десетмина изборија: Камил Штох, Роберт Јохансон, Јукија Сато, Пиус Пашке и Пјотр Жила.



