понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Голема борба кои тимови ќе ја поминат групната фаза во Лига Европа

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
декември 10, 2020
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Со денешните мечеви од последното коло во Лигата на Европа ќе се комплетираат возбудувањата за 2020 година во двете елитни натпреварувања на УЕФА. Уште само шест меча се останати слободни за екипите кои треба да презимат во второто по ранг натпреварување на Стариот Континент.

Во А групата, Јанг бојс на свој терен го пречекува Клуж, а пресметката е едноставна. На домаќините им е потребно победа затоа што Клуж моментно е со два бода повеќе на второто место во однос на денешниот ривал. Доколку Романците успеат да останат непоразени, за Јанг бојс ќе заврши европската авантура за оваа сезона.

Во Б групата, Молде има три бода повеќе од Рапид, но не е сигурен. Рапид вечерва во Виена ќе брка триумф за да се израмни по бројот на бодовите, но тука ќе се гледа и кој ќе биде конечниот резултат. На домаќините ќе им биде доволно победа од 1:0, колку што Молде славеше во нивниот прв меч, затоа што Рапид ќе има подобра вкупна гол-разлика. Сепак, ако Рапид победи со еден гол-разлика, а гостите постигнат погодок, тогаш Молде ќе се радува на крајот.

Во Ф групата е најкомплицирано. Наполи (10 бодови), Реал Сосеидад (8 бодови) и АЗ Алкмар (8 бодови) се борат за двете први места. За АЗ Алкмар ситуацијата е јасна. Ако Холанѓаните победат на гостувањето кај отпишаната Риека, сигурно се во нокаут-фазата. Сепак, ако одиграат нерешено, ќе мора да го чекаат исходот од мечот во Неапол меѓу Наполи и Сосиедад.

На Наполи доволно му е да не загуби на свој терен, но во случај Сосиедад да победи, а трите бода да ги освои и АЗ Алкмар, италијанскиот тим може да испадне.

Во И групата, Макаби во Тел Авив е домаќин на Сиваспор, а Израелците се во подобра ситуација. Макаби има два бода повеќе од турскиот тим, па доволно е дома да не загуби за да ја задржи втората позиција.

Во К групата, Волфсбергер е во пол-позиција против Феенорд. Австријците играат дома, а имаат два бода повеќе од холандскиот тим. Тоа значи дека Волфсбергер и со еден освоен бод ќе ја задржи позицијата која им носи европска пролет во Лигата на Европа.

Според мечевите кои се играат, вечерва ќе има дури пет натпревари кои директно ќе решаваат за патникот во нокаут-фазата и тие сигурно ќе бидат посебно примамливи за обложување.

ShareTweet
Претходна вест

Витјаз Подолск загуби витален натпревар

Следна вест

Ајзенбихлер прв на квалификациите во Планица; Хајбок летна 242,5 метри

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Ајзенбихлер прв на квалификациите во Планица; Хајбок летна 242,5 метри

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.