
Двете најисточни екипи од КХЛ, Адмирал Владивосток и Амур Хабаровск ја отворија денешната хокеарска програма во Русија.
Имено, Адмирал го пречека најблискиот ривал за првпат после 3 февруари 2020 и го порази со 2-1.
Вториот меѓусебен триумф во низа и прв на домашен терен после 22 февруари 2019, составот од Владивосток го доби со головите на Артјом Гарејев и на Владислав Калетник.
На спротивната страна, единствен стрелец беше Иван Николишин, кој погоди за 1-1 кон крајот на првата третина.
Со првата мини-серија од две победи после речиси два месеци, Адмирал го напушти дното на Истокот, додека Амур ја зазема деветтата позиција.