
Адмирал Владивосток засега ги надминува сите очекувања и по вторпат во само два дена славеше над Салават Јулаев Уфа.
Имено, на крајниот Исток на Русија, домаќините беа подобри од ,,Зелените” со 2-1 после продолженија.
Салават го започна мечот со водство од 0-1 преку Николај Кулемин, но до крајот, домашниот голман, Никита Серебрјаков, одбрани 28/29 противнички шутеви (96,55%).
Во втората третина, резултатски егал донесе четвртиот поентер во КХЛ, Либор Шулак, а во продолжението, после 69 секунди, погоди Јевгени Грачјов.
На табелата на Истокот, Адмирал скокна на високото трето место, додека Салават се наоѓа на седмата позиција.