Во групната фаза на Лига Европа, Динамо Загреб на Аријан Адеми ја забележа првата победа сезонава во натпреварувањето. Македонскиот репрезентативец Адеми кој воедно ја носи капитенската лента за хрватскиот клуб го одигра целиот меч против Волфсбергер (1:0).
Стрелец на победничкиот гол беше резервистот Атемвен. Со овие три бода сега Динамо Загреб е на чело на табелата во групата К со 5 бода пред Волфсбергер со 4 бода на второ место, исто колку што има и третопласираниот Феенорд и на дното со само два бода е Цска Москва.



