После четирите ремија на првите шест средби, Ст. Мирен ја запиша премиерната победа во тековната сезона на шкотскиот Премиершип.
Имено, ,,Светците” од Пејсли, во седмото коло, славеа над фаворизираниот Абердин со 3-2 после пресвртот во второто полувреме.
На паузата, Абердин имаше предност од 1-2, стекната со головите на Скот Браун (18′) и на Кристијан Рамирез (34′), додека во корист на домаќините, резултатот го отвори Конор Ронан (14′).
Во 51. минута, гостите останаа со играч помалку, откако Теди Џенкс доби втор жолт картон.
Веќе десет минути подоцна, Ст. Мирен го комплетираше победничкиот пресврт преку вториот денешен гол на Ронан (58′) и преку џокерот од клупата – Куртис Мејн (61′).
На табелата, Абердин е седми со осум бодови, додека Ст. Мирен е осми со поен помалку во однос на денешниот ривал.