
Походот кон третата последователна титула во хокеарската Лига на шампиони, Фролунда го започна со триумф од 1-4 против Млада Болеслав.
За чешкиот и за шведскиот претставник, ова беше прв меѓусебен дуел во историјата во елитното европско клупско натпреварување.
Фролунда го отвори мечот со три погодоци во првата третина, кои беа дело на Јенс Олсон, на Јоел Лундквист и на Патрик Карлсон.
Во вториот период, Филип Јохансон погоди на своето деби во ЛШ и зголеми на 0-4, а честа на домаќините ја одбрани Марио Лунтер на четири минути пред крајот на натпреварот, намалувајќи на 1-4.
Воедно, оваа средба беше и увертира на новата европска сезона, а во истата група Б, членуваат уште Цирих и ИФК Хелсинки, кои ќе се соочат во подоцнежниот термин.



