
Со петтата победа во низа, екипата на Њукасл Најтс успеа да обезбеди пласман во плејофот на НРЛ по втора година во низа.
Во претпоследното коло од регуларната сезона, ,,Витезите” ги совладаа Голд Коуст Титанс со 15-14, благодарение на дроп-гол во последната минута.
Херој за домашниот состав беше Митчел Пирс, кој претходно постигна и еден есеј во 61. минута.
Освен него, еднаш положи Калин Понга (24′), а Џејк Клифорд успешно погоди две конверзии и еден пенал.
На спротивната страна, Џамал Фогарти беше прецизен од два казнени удари и од едно конвертирање, а есеи постигнаа Филип Сами (5′) и Давид Фифита (38′).
Поради денешниот пораз, Голд Коуст отпадна од плејоф-зоната, но во последното коло ќе има реални шанси за зграпчување на осмата позиција.



