
Откако освои само еден поен на воведните три натпревари, Расел Мартин го предводеше Свонси до првиот овосезонски триумф.
Во првиот меч од четвртото коло на англискиот Чемпионшип, Велшаните славеа над Бристол Сити со минимални 0-1.
За ,,Лебедите”, ова беше прва победа на ,,Ештон Гејт” после 2011, кога славеа со резултат од 0-2.
Синоќа, домаќините ја имаа иницијативата во свои раце, но сè им ,,падна во вода”, со погодокот на Јоел Пироу во 19. минута.
Овен Холанѓанецот, херој на Свонси беше и голманот Стефен Бенда, кој имаше пет одбрани.
На табелата, двете екипи имаат по четири освоени бодови, но одиграа и натпревар повеќе во однос на конкурентите.



