
Екипата на Мајами Марлинс го запиша деветтиот пораз на последните дванаесет средби, откако загуби со 8-3 од Сан Диего Падрес.
И покрај тоа што губеше со 4-1 после седум ининзи, со двата поени во осмиот период, Мајами се врати резултатски во мечот, намалувајќи на 4-3.
Сепак, во претпоследната деветтина, Падрес поентираа четири пати и го загарантираа третиот триумф во низа.
Од редовите на Марлинс, Луис Бринсон постигна еден хоум-ран и освои четири бази, а со трчање поентираше и Исан Диаз.
На спротивната страна, топката на трибините ја однесе само Ерик Хосмер, а освен него, по четири бази освоија уште Томи Фем, Трент Гришам (х2), Мани Машадо и Вил Мајерс.
Во Националната лига, Марлинс (47-66) го држат тринаесеттото место, додека Падрес (65-49) се при врвот, односно на четвртата позиција.



